ЗА НАС

БАУКОП ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, е основана 1995 година, првенствено како услужна фирма од областа на внатрешниот транспорт, т.е транспорт со камиони – кипери.

Од 1998 година ја проширува дејноста и на услуги со градежни машини – багери, булдожери, ваљаци, грејдери, виљушкари… како и автодигалки, со што се комплетира во целосно давање на услуги од областа на нискоградбата. Исто така располага и со влекачи и со нисконосечки полуприколки за транспорт како на сопствените машини исто така и на давање услуги од истата област како во земјата, така и во странство.

Освен со услугите од областа на нискоградбата и транспортот врши и трговија со градежни машини и транспортни средства, кои претежно ги набавува од Германија, Холандија и Белгија. Од 2007 година, како генерален застапник на фирмата “Teksan Jenerator” од Истанбул – Турција, почнува со продажба на генератори за производство на струја, како и сервисирање на истите. Од 2009 година, како застапник на фирмата Н & Б од Пловдив, Бугарија, почнува да работи и со трговија со кранови, лифтови, виљушки, скелиња и други машини за градежништво.

Нашата мисија е да обезбедиме градежни услуги и производи на нашите клиенти со исклучително искуство и професионален интегритет. Ние го цениме значењето на нашите односи и ќе продолжиме да бидеме коректни во нашата работа со сите вработени, клиенти и партнери. Нашата визија е да бидеме лидери во нашата област со нудење на квалитетни услуги и добра.



Јазик